Македонија И СОНК доби „контра-СОНК“

И СОНК доби „контра-СОНК“

По најавите на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за штрајк на просветните работници денеска се појави и „контра-СОНК“, група наставници, членови на синдикатот кои бараат да биде откажан закажаниот штрајк.

Тие сметаат дека барањата на СОНК се нереални и велат дека немаат доверба во актуелниот претседател Јаким Неделков.

– Ако штрајкот се одржи, најголемиот дел од наставниците нема да учествуваат затоа што ние уште од минатиот штрајк ја загубивме довербата во претседателот, од кој не добивме никаква заштита, а оние кои навистина трпеа штета се децата-ученици, нивните родители и целиот образовен процес – истакнаа оттaму.