Хроника И покрај судска забрана, вознемирувал и се заканувал на охриѓанка

И покрај судска забрана, вознемирувал и се заканувал на охриѓанка

И покрај тоа што во декември минатата година добил судска забрана да контактира со 23 годишна охриѓанка, како и да ѝ се приближува, 27-годишен жител на струшкото село Франгово продолжил со закани и малтретирање, поради што доби нова кривична пријава, соопшти СВР Охрид.

Охридската полиција поднела кривична пријава за неизвршување судска одлука против 27-годишниот М.М. Нему со судско решение издадено од Основниот суд во Охрид во декември минатата година, му било забрането на охриѓанката на каков било начин да контактира со оштетената, да ја следи, да ѝ се приближува на растојание помало од 100 метри. Имал забрана да ѝ се заканува и да ја присилува, да ја вознемирува, уценува и следи, физички да ја напаѓа, како и забрана да се приближува до работното место и до нејзиниот дом.

Но тој сепак продолжил со телефонски јавувања и испраќање СМС-и, во кои ѝ упатувал сериозни закани, па СВР Охрид поднел нова кривична пријава.