Македонија И Хелсиншкиот комитет доби боја

И Хелсиншкиот комитет доби боја

Две непознати лица вчера по полноќ истуриле црвена боја врз натписот на влезот во Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Боењето е снимено од камерите што се поставени на објектот.

Уранија Пировска, директорка на комитетот, го карактеризира чинот како „контрабоење“ бидејќи Хелсиншкиот комитет ја поддржува „Шарената револуција“.

– Настанот се случил околу 2 часот по полноќ. Не се води сметка дека тоа што го бои „Шарената револуција“ се институции кои се создадени да им служат на граѓаните, додека сите овие организации и објекти во приватна сопственост не може да влезат во таа категорија, особено зашто Хелсиншкиот комитет е куќата каде секој граѓанин може да дојде и да добие бесплатна правна помош. Тоа е во манирот на сценаријата на власта – вели Пировска.

Од комитетот велат дека настанот е пријавен во МВР, а снимките од камерите на објектот ќе бидат доставени како докази.

Минатата недела беше бојадисано логото на Фондацијата „Отворено општество“, Младинскиот образовен форум, а боја доби излогот на скопското кафуле „Излет“ во центарот на Скопје, чиј сопственик, исто така, учествува на протестите на „Шарената револуција“.