Македонија И денеска сончево со температура до 38 степени

И денеска сончево со температура до 38 степени

Времето  во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Во западните делови се очекува краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе биде од 13 до 21 Целзиусов степен, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала облачност и со умерен ветер.

Утринската температура ќе биде до 21 Целзиусов степен, а дневната до 37 степени.