Македонија И денеска протести пред СЈО во 18 часот

И денеска протести пред СЈО во 18 часот

Граѓанските движења „Протестирам“ и „Шарената револуција“ денеска повторно ќе излезат на протест. Марширањето ќе започне пред Специјалното јавно обвинителство во 18 часот, а маршрутата на движење е се уште не позната.

Според граѓанските активисти, после повеќе од една година протести, преговори помеѓу партиските лидери и меѓународна медијација, Македонија стигна до работ и, како што велат, оваа криза не се решава со преговори. На социјалните мрежи стои истиот повик на протест и порака дека тој „полека ќе станува блокирам, окупирам и секојдневно го менувам системот“.

„Оваа криза се решава само и исклучиво на улица! Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! Протестирам полека ќе станува блокирам, окупирам и секојдневно го менувам системот! Еднопартиски избори нема да дозволиме. Нема да им дозволиме ни да избегаат со украденото, а камо ли да останат во земјата и да не се соочат со правдата“, пишува во настанот организиран на „Фејсбук“.