Свет Балкан Хуманитарците ја обвинија Бугарија за бруталност кон бегалците

Хуманитарците ја обвинија Бугарија за бруталност кон бегалците

Британската хуманитарна организација ги обвини бугарските власти за брутален однос кон бегалците.

Во најновиот извештај на организацијата се наведени бројни случаи на полициска бруталност и на изнуда. Податоците се собрани врз основа на исказите на бегалците кои од Бугарија минале низ Србија.

Дел од белагците, наместо да патуваат од Турција преку море до грчките острови, се одлучуваат да патуваат преку Балканот.

Бугарската влада сè уште нема одговорено на обвиненијата.