Македонија Хуманитарна трка за децата од СОС Детско село

Хуманитарна трка за децата од СОС Детско село

Втората хуманитарна велосипедска тура за деца згрижени во Детското село, ќе почне денеска во СОС Детско село.

Љупчо и неговиот другар Даниел од Бугарија ќе поминат 2.200 километри низ седум балкански земји и ќе возат сè до Австрија. Целта им е да ги привлечат вниманието и поддршката на јавноста за работата на СОС детските села, организација под чија закрила обајцата израснаа.

Нивната конечна дестинација е Имст, Австрија, каде пред повеќе од 60 години е изградено првото СОС Детско село, кое до денес на илјадници деца од сиот свет им дава топол дом и грижа.

Настанот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт, Велосипедската федерација на Македонија, Град Скопје, Општина Гази Баба и од низа донатори и поддржувачи на работата на СОС Детско село Македонија.