Свет Балкан Хрватска ѝ врачи протестна нота на Словенија поради поставување жичена ограда

Хрватска ѝ врачи протестна нота на Словенија поради поставување жичена ограда

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска ѝ врачи протестна нота на амбасадата на Словенија во Загреб поради, како што тврдат, противправно поставување жичена ограда на уште еден граничен премин и побара отстранување на истата.

Оградата, како што пишува хрватската агенција „Хина“, е поставена на преминот Свети Урбан – Ког во пограничното место меѓу хрватската општина Штригово и словенечката општина Ормож.

– На тие жители на ова погранично подрачје, оневозможено им е преминување на границата во согласност со правилата на пограничниот режим утврден со Договорот за пограничен промет и соработка – се наведува во соопштението на Министерството.

Како што се додава, Словенија мора да преземе одговорност за штетата што им ја прави на жителите на пограничното подрачје, кога ги оневозможува нивните права.