Свет Балкан Хрватска бара сезонски работници

Хрватска бара сезонски работници

Повеќе од 1.973 сезонци се бараа во Хрватска во првите два месеци од годинава, што е околу 50 отсто повеќе од лани.

Се бараат собарки, готвачи, рецепционери, продавачи и други струки од туристичко-угостителската дејност.

Како што хотелиерите од година во година се трудат да ја унапредат својата услуга, сè повеќе и повеќе се бараат и други услужни занимања, како што се козметичари, педикири, фризери и масери. На овој начин, услугата на хрватското приморје полека се приближува до стандардите на големите светски синџири, од кои некои веќе се застапени на просторот на Хрватска.