Македонија Христијан Мицкоски позитивен на ковид-19

Христијан Мицкоски позитивен на ковид-19

Извор на фотографија: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ е позитивен на корона вирус. Тоа го објави на својот фејсбук профил, каде напиша дека, по забележаните првични, полесни симптоми, ги добил резултатите од тестирањето кои покажалет дека е позитивен на вирусот ковид-19.

„Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина“, напиша на фејсбук Мицкоски.