Македонија Ховит не ја исклучува идејата за преодна влада

Ховит не ја исклучува идејата за преодна влада

Ричард Ховит, еден од тројцата европратеници што го олеснуваат преговарачкиот процес меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, пред вечерашните средби во Стразбур, изјави дека на идејата за преодна влада гледа со отворен ум и дека не ја отфрла како опција, објави „Алсат-М“.

„Имам отоврен ум и таа варијанта не ја исклучувам. Тоа е предлогот на една од страните и спротиставена од другата страна. Така што, ако сега јас јавно кажам дали со сè се согласувам или не, би им нештетил на посредништвото и на процесот. Секако дека во процесот ги истражуваме сите идеи и на нив гледам со отворен ум. Искрено, важно е тоа што се обидуваме успешно да го искористиме нашето влијание, но би било многу погрешно ако јавно зборувам за содржината на тие разговори, зашто тоа би ја ограничило слободата на засегнатите страни да веруват дека можат да зборуваат и да разгледуваат идеи со нас во рамките на преговорите“, рече Ховит.

Серијата средби на Никола Груевски и на Зоран Заев со европратениците Ховит, Кукан и Вајгл и со еврокомесарот Јоханес Хан вечерва да кулминираат со заедничка средба.