Главна секција Хонорарците со марш против законот за придонеси

Хонорарците со марш против законот за придонеси

Од паркот Жена-борец почна протестот на хонорарците, кои се противат на измените на Законот за задолжително социјално осигурување, кои се однесуваат на авторските договори.

Од таму тие преку министерството за труд и социјална политика се упатија до Владата на Македонија, а маршот ќе го завршат пред УКИМ.

Владата со нови законски измени предвиде придонеси да не се плаќаат за целиот хонорар, туку за разликата што ја надминува минималната плата, која изнесува нецели 9.590 денари.

Демонстрантите сметаат дека треба целосно да се повлече законот и да се утврди нов преку јавна дебата.