Македонија Хонорарците од Диме Спасов ќе бараат одговори за доцнењето на хонорарите

Хонорарците од Диме Спасов ќе бараат одговори за доцнењето на хонорарите

Следниот петок, во 11 часот, хонорарците и сите што ќе се солидаризираат со нив ќе се соберат пред Министерството за труд и социјална политика и ќе бараат одговори за сите прашања на кои досега не им е одговорено.

„Ајде хонорарци да одиме во МТСП и да си ги побараме одговорите што ни ги должат! Цел јануари многумина од нас не добија хонорар, ајде да прашаме! На некои им прекина авторскиот договор, ајде да прашаме! Не нè прашуваа кога решаваа во лето да сменат пет закони, ајде сега ние да ги прашаме! Имаме право  на одговори“, пишува во образложението за настанот.

Поднесувањето барања за информациии од јавен карактер се очекува да трае два часа. Урнекот на барањето наскоро ќе биде прикачен на страницата на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што се објавуваат детали за настанот.