Македонија Хонорарците и волонтерите во градинките ќе добијат решенија за вработување

Хонорарците и волонтерите во градинките ќе добијат решенија за вработување

Договорите за хонорарци и за волонтери ќе се трансформираат во редовен работен однос на 662 вработени во детските градинки во земјава.

– Трансформацијата ќе се реализира во три фази, односно околу 230 согласности и договори за транформација ќе бидат потпишани веднаш или до крајот на овој месец, потоа во втората фаза се околу 220 договори и во третата фаза околу 200 договори. Со тоа значително се подобруваат и се унапредуваат стандардите и 662 вработени ќе добијат редовен работен однос во детските градинки – изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, при денешното поставување камен-темелник на нова градинка во Пинтија.