Економија Туристите не откажуваат, агенциите ги уверуваат дека е безбедно

Туристите не откажуваат, агенциите ги уверуваат дека е безбедно

Туризмот е меѓу првите економски гранки што може да биде погодена од безбедносната ситуација и од политичката криза во земјава. А тоа најмногу се однесува во делот од туризмот што ги опфаќа туристите кои планираат да ја посетат земјава.

Туристичката агенција „Фибула“ веќе пет години носи туристи од странство и велат дека ги уверуваат гостите дека сè е под контрола.

– Странските медиуми информираат во врска со настаните во Македонија, дури некои и многу драматично. Денеска добивме коментари од неколку холандски туристи дека се загрижени за ситуацијата во земјата. Но, ние ги уверуваме дека вакви случаи имало и во Париз, Лондон, Брисел, Мадрид, дека ситуацијата е под контрола и дека се работи за изолиран случај. Тоа се само неколку коментари од 400 туристи, кои треба да простигнат од Холандија – ни изјави директорот на „Фибула“, Асим Меџедовиќ.

За поголема безбедност на туристите, тие ги советуваат да ги користат услугите на реномираните и проверени туристички агенции од земјава.

Засега нема најава за откажување посети и планирани тури.