Македонија Хојт Ји во посета на Македонија

Хојт Ји во посета на Македонија

Заменикот помошник на државниот секретар за Европа и за Азија на САД, Хојт Ји, денеска ќе престојува во Скопје. Најавено е дека тој ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов.

Главни теми на разговорите на Хојт Ји со домаќините во Скопје ќе биде функционирањето на Специјалното јавно обвинителство и исполнувањето на обврските од Договорот од Пржино.

Заменикот помошник на државниот секретар за Европа и за Азија се смета за човек од американската администрација кој сериозно ги придвижува работите на теренот.

Хојт Ји ја посети Македонија на 16 и на 17 април минатата година, кога ја истакна потребата од целосно истражување на прислушуваните разговори и ја потсети власта да ги сфати сериозно обвинувањата и инсинуациите за злоупотреби на службената должност.