Македонија Хируршки интервенции на Клиниката за очни болести се вршат во нови оперативни...

Хируршки интервенции на Клиниката за очни болести се вршат во нови оперативни сали

Од Клиниката за очни болести информираат дека се завршени градежните и реконструктивни зафати за реновирање на оперативниот блок и дека сите хируршки интервенции се вршат во новите оперативни сали.

„Како резултат на зголемениот број пациенти за операција на катаракта и на големата фрекфенција во оперативниот блок, се појави потреба од проширување на просторот со преадаптација и со припојување на досегашната библиотека, во составен дел на оперативниот блок“, се вели во соопштението.

Оттаму велат дека во меѓувреме се набавени и нови апарати за фако-хирургија на катаракта, за витректомија, за крослинкинг, апарати за стерилизација, за анестезија со кои се овозможиле услови за безбедна хирургија, како и зголемување на бројот на оперирани пациенти.

Во соопштението се додава дека бројот на операции неколкукратно е зголемен во изминатите години. Во 2007 година се оперирале по 20 пациенти неделно, додека последнава година, во просек, по 100 пациенти се оперирани во една недела.