Хроника Хирургот Стојовски осуден на затворска казна и со забрана за работа

Хирургот Стојовски осуден на затворска казна и со забрана за работа

Поранешниот раководител на операционите сали на Клиниката за гинекологија и акушерство, гинекологот Марјан Стојовски, е осуден на две години затворска казна и на едногодишна забрана за вршење на професијата од денот на правосилноста на пресудата, соопштил Основниот суд Скопје 1, пренесуваат медиумите.

Стојковски е осуден за примање поткуп.

Тој беше уапсен во 2010 година откако побарал и примил поткуп од 2.000 евра за да изврши хируршка интервенција на пациентка, кај која бил дијагностициран тумор на матката.