Дописници „За Охрид – фин, зелен и син“, настан по повод Денот на...

„За Охрид – фин, зелен и син“, настан по повод Денот на планетата Земја

По повод светскиот Ден на планетата Земја, в среда, на 22 април, во Охрид, ќе се одржи музички настан, фотоработилница и ликовен перформанс.

– Овој културно-едукативен настан е организиран од Здружението за унапредување на меѓусебна доверба „Такт“, Здружението за заштита на животни „Анималиа“ и Здружението за заштита на животни и животна средина „Еден“. Тој има цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните, пред сè, заради заштита и зачувување на водите на Охридско Eзеро.

„Придружете ни се в среда, на 22 април, заедно да го одбележиме денот на планетата Земја со пролетна забава, музика и креативно дружење“, порачуваат организаторите.

Во рамките на програма ќе биде прикажан краток анимиран филм, а свое обраќање ќе има проф. Трајче Талевски, од Хидробиолошкиот завод во Охрид на тема: „Охридското Езеро и неговите обележја во светски рамки“.

Во рамките на забавниот дел, ќе настапат Игор Џамбазов, Дамјан Пејчиноски, Тони Зен, „Хаундс“ и Леа и кавртетот на Јана Гигова. Пред присутните ќе зборува и Дејан Пановски, а заклучно обраќање ќе има проф. Теута Ѓуладин-Хелон на тема: „Светските еко-трендови и влијанието врз животната средина“.

Предвидено е и одржување на фотоработилница предводена од Румен Ќамилов: „Порака во шише“, ликовен перформанс со Симонида Филипова-Китановска, Илина Арсова, Марија Боздогановска и детска работилница за рециклирачка уметност (Ре – ЦиГла – жа) со Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, Славица Шекеровска – лотосов цвет и риба на суво.