Видео „Happy“ на Фарел, најсимнувана песна на „Ајтјунс“

„Happy“ на Фарел, најсимнувана песна на „Ајтјунс“

„Happy“ на Фарел Вилијамс е песната што ја одбележа 2014 година според листата на најпродавани песни на „Ајтјунс“, објави „Епл“. Баладата на Џон Леџенд „All of me“ е на второто место, а „Dark horse“ на Кети Пери го освои третото место. „Talk dirty“ од Џејсон Деруло застана на четворото место, „Fancy“ на Иги Азалија на петто, „Problem“ на Аријана Гранде на шестото, „All about that bass“ на Меган Трејнор на седмото, а музичката подлошка за филмот „Снежното кралство“, „Let it go“, го освои осмото место. „Turn down for what“ на Снејк и на Лил Џон и „Rude“ на Меџик ги заоуркужуваат надобрите 10 за 2014 година. За најдобар албум прогласен е „Frozen“ од анимираниот филм на Дизни, зад него се наоѓа „1989“ на Тејлор Свифт, а на трето место е „Ghost Stories“ на „Колдплеј“. За најдобар артист е прогласена Бијонсе, а за најдобра песна „Fancy“ на Иги Азалија.