Видео Хаос во Мелбурн: Возач прегази три и повреди 20 лица

Хаос во Мелбурн: Возач прегази три и повреди 20 лица

Возач со автомобил покоси пешаци во Мелбурн и притоа уби најмалку три лица, а повреди уште 20 други, меѓу кои и четири деца, јавуваат австралиските медиуми.

Тројца загинаа, а уште тројца се во критична состојба откако возачот, бегајќи од полицијата, налета на пешаци пред трговски центар.

Се претпоставува дека возачот изведувал егзибиции со автомобилот пред станицата Флајнсдерс, а кога полицијата го забележала, без запирање тргнал кон пешаците во улицата Бурк, во самиот центар на градот.

Возачот е уапсен. Полицијата ја отфрли можноста дека станува збор за терористички напад, а локалните медиуми наведуваат дека трагедијата е поврзана со нападот во Виндсор, кој се случил во раните утрински часови.

Лекарите наведуваат дека неколку од повредените се во тешка состојба, а сведоците тврдат дека практично „летале тела“ кога возачот налетал на пешаците.

Сè почнало во раните попладневни часови, кога во центарот на Мелбурн, на една од главните раскрсници, маж почнал да вози во круг. Тој потоа се упатил кон трговскиот центар, кој се наоѓа на улица затворена за сообраќај, намерно налетувајќи на пешаци.