Македонија Хан: Македонија е во длабока криза

Хан: Македонија е во длабока криза

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска на прес-конференција рече дека Македонија е во длабока политичка криза.

– Мојата порака до сите политички страни беше дека сите тие треба оваа длабока криза да ја решаваат во парлементот, со целосно почитување на основните права и на независноста на судството за да може земјата да се врати од работ каде што е сега. Сите партнери треба да го решат овој конфликт, со почитување на основните принципи на владеење на правото, а ако има некакви материјали што обвинуваат дека има криминално влијание или нешто такво, треба да се достават до оние што се одговорни за тоа, а тоа се обвинителството и судскиот систем кој треба ова да го проследи на адекватен, независен и транспaрентен начин – изјави Хан.