Свет Хакерски напади врз „Викиликс“

Хакерски напади врз „Викиликс“

Интернет-страницата „Викиликс“ денеска е цел на хакерски напади по објавувањето на второто продолжени од мејловите на американскиот Демократски национален комитет (ДНЦ).

„Нашите сервери за објавување на електронската пошта се цел на хакерски напади од објавувањето на елeктронската пошта на ДНЦ“, објави „Викиликс“ на својот твитер-профил.

„Викиликс“ денеска објави 8.263 мејлови на членовите на Демократскиот национален комитет. Од мејловите може да се види дека високи функционери на демократите намерно ја опструирале кампањата на претседателскиот кандидат Берни Сандерс, за да се истакне номинацијата на Хилари Клинтон.