Uncategorized Хакерски напад на нуклеарна електрана во Сеул

Хакерски напад на нуклеарна електрана во Сеул

Компјутерскиот систем на јужнокорејската нуклеарна електрана бил мета на хакерски напади и украдени се помалку важни податоци, соопшти утринава компанијата „Кореја хидро анд нуклеар пауер“.

Во соопштението се наведува дека хакерските напади не ја загрозиле нуклеарната инсталација, вклучувајќи ги и 23 атомски реактори.

Експертите, сепак, сметаат дека контролата на нуклеарните реактори би можела да биде загрозена.

– Ова демонстрира дека ако некој настојува злонамерно да се инфилтрира во системот, би било невозможно со сигурност да се тврди дека таквиот обид би бил целлосно блокиран – рече експертот за нуклеарни реактори Сух Јуне-јул од Националниот универзитет во Сеул.

Министерството за енергетика, сепак, тврди дека нуклеарните електрани би можеле да го блокираат секој упад на хакерите што би ја загрозиле безбедноста на реакторите.