Свет Европа Хакерите од ИД ја нападнаа француската „ТВ5 Монд“

Хакерите од ИД ја нападнаа француската „ТВ5 Монд“

Хакери приврзаници на екстремистичката група Исламска држава ги нападнале телевизиските канали, интернет-страниците, страниците на „Твитер“ и на „Фејсбук“ на француската „ТВ5 Монд“.

На профилите на телевизијата на социјалните мрежи била испишана пораката „Јас сум ИД“, заедно со фотографија од црното знаме на Даеи со натписот „Кибер-калифат“.

Речиси истовремено сите 11 телевизиски канали на ТВ5, исто така, биле прекинати.

Исламистичките хакери објавиле и заканувачки пораки за припадници на француската војска, како и лични документи на нивни блиски.