Македонија Хајндл денеска на средби со потписниците на Договорот од Пржино

Хајндл денеска на средби со потписниците на Договорот од Пржино

Посредникот за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, денеска треба да пристигне во Скопје и да се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.

„Надоврзувајќи се на неговите претходни посети од минатите недели, амбасадорот Хајндл одново ќе разговара со партиите потписнички на Договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница“, пишува во соопштението од Амбасадата.

Хајндл во Скопје ќе престојува два дена.