Македонија Густ чад над небото во Скопје, горат трска и ѓубре околу Арачиново

Густ чад над небото во Скопје, горат трска и ѓубре околу Арачиново

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на терен се екипи на скопската противпожарна бригада за гаснење на пожарот

Чадот од пожарот е видлив од различни населби во Скопје; Фото: Мета.мк

Небото над Скопје попладнево е зафатено од густ чад од активен пожар, којшто трае повеќе од два часа во близина на селото Арачиново. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на терен се екипи на скопската противпожарна бригада за гаснење на пожарот.

Како што информираат од ЦУК, чадот што се издигнува е од пожар, во кој гори трска и ѓубре во каналите околу селото Арачиново. Пожарот зафатил поголема површина и ќе треба повеќе време за да се локализира и изгаси.