Технологија Гаџети „Гугл мапс“ нуди повеќе информации

„Гугл мапс“ нуди повеќе информации

Новата верзија ќе прикажува какво е времето, колку е часот и ќе ја одредува оддалеченоста на саканата дестинација

„Гугл мапс“ за оперативниот систем „андроид“ кон почетокот на месецов ја доби опцијата за ажурирање „материјал дизајн“, како и уште некои нови опции. Сега е објавена новата верзија и уште некои други корисни функции.

Апликацијата сега ќе прикажува колку е часот, какво е времето, ќе ја одредува оддалеченоста на вашата дестинација, како и колку време ќе ви биде потребно за да стигнете до неа.

Освен тоа, „Гугл мапс“ може да ви го прикаже или да ви го скрие сообраќајот, со помош на едноставна гласовна команда, а верзијата 9,1 на оваа апликација би требало да биде достапна за сите уреди.