Технологија Наука „Гугл мапс“ наскоро со навигација и со пребарување офлајн

„Гугл мапс“ наскоро со навигација и со пребарување офлајн

Интернет-гигантот „Гугл“ најави дека нивната веб и мобилна апликација „гугл мапс“ ќе биде достапна и за пребарување и за навигација  офлајн.

На конференцијата што се одржа во Сан Франциско минатиот месец, од „Гугл“ најавија дека сите корисници ќе може да ги користат предностите на апликацијата. Меѓу другото, ќе биде овозможено и добивањето детални патни насоки, преку однапред преземени мапи од апликацијата, кои подоцна ќе може да ги користат без интернет-конекција.

Покрај промените на оваа апликација, „Гугл“ најави и промени што ќе овозможат употреба на „Јутјуб“ и на „гугл докс“ без интернет-врска.