Свет Европа Грушко: НАТО води хибридни војни

Грушко: НАТО води хибридни војни

НАТО има долга историја на хибридни операции, изјави постојаниот претставник на Русија во НАТО, Александар Грушко, наведувајќи го примерот со поранешна Југославија.

– Секоја држава или организација може да учи од искуствата на Алијансата – рече Грушко по повод честите обвиненија дека Русија води некој вид „хибридна војна“ во Украина, користејќи методи кои немаат воена природа.

– Бевме сведоци на добро познати знаци на воена уцена, тајни интервенции, снабдување со оружје и со одбранбени системи, дипломатски лицемерства, манипулации со масовните медиуми и експлицитното ширење дезинформации во поранешна Југославија и во Либија во 2011 година – изјави Грушко.