Македонија Група мигранти од Иран ја блокираа јужната граница кај Гевгелија

Група мигранти од Иран ја блокираа јужната граница кај Гевгелија

Група од педесетина мигранти од Иран попладнево ја блокирале граничната линија на македонското-грчката граница кај Гевгелија, револтирани од новите мерки според кои, транзитот низ земјите од т.н. западно-балканска рута им е дозволен само на мигрантите од Сирија, Авганистан и од Ирак, јавува „Телма“.

Како што пренесува телевизијата, групата од педесетина Иранци претходно биле пуштени да влезат во земјава, но надлежните служби на границата не ги регистрираат, поради што не можат да го продолжат патот.

Поради новите мерки што почнаа да се применуваат денеска, група од стотина мигранти кои не се со потекло од Сирија, Авганистан и од Ирак, како што објави „Утрински“ на својата интернет-страница, се заглавени на македонско-српката граница кај Табановце, бидејќи српските власти не им дозволуваат да влезат во земјата.