Македонија Грујoвски и Бошковски ги нема, се чека МВР да се изјасни

Грујoвски и Бошковски ги нема, се чека МВР да се изјасни

Од вчеравечер полицијата трага по поранешниот началник на петата управа, Горан Грујовски, и по Никола Бошковски, исто така од тајната полициска служба, откако попладнето Врховен суд ги потврди притворите од 30 дена за двајцата. Досега тие не се пронајдени, иако неколкупати биле барани на нивните домашни адреси и на уште неколку локации каде би можеле да бидат. Засега нема сознанија дали илегално заминале од Македонија, информираат од МВР.

Официјално, се очекува МВР да се изјасни наскоро за потрагата по двајцата.

Горан Грујовски е поранешен началник на петтата управа во Управата за безбедност и контраразунавање и е обвинет во предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“. Никола Бошковски беше вработен во УБК и тој е обвинет во истите предмети.

Полицијата синоќа го добила решението од Врховен суд за нивен притвор.