Македонија Груевски: Законот за употреба на јазиците е противуставен и може да биде...

Груевски: Законот за употреба на јазиците е противуставен и може да биде оспорен

Законот за употреба на јазиците, кој СДСМ се обидува да го донесе што побргу, може да биде оспорен од Уставниот суд по претставка на кој било граѓанин, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при посетата во Куманово.

Според него, со брзото поминување на првата фаза од овој закон пред локалните избори, власта се обидува да ја прекрие, како што вели, негрижата, безидејноста и незнаењето како да се справи со реалните проблеми на Албанците.

„Не знам која е точната поента на СДСМ. Дали Заев сака пред избори да ги злоупотреби чувствата и емоциите на албанските граѓани во Македонија или, пак, тоа му е нешто договорено со ДУИ. Но, јасно е дека свесно одат со неуставен закон и ако кој било во државата поднесе иницијатива до Уставниот суд, тој закон ќе падне“, изјави Груевски.