Економија Груевски зад затворени врати ги слуша предлозите на бизнисмените

Груевски зад затворени врати ги слуша предлозите на бизнисмените

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со економскиот тим, разговара со бизнисмените кои се дел од Сојузот на стопански комори за да ги слушне нивните предлози и мерки, кои потоа ќе биле вметнати во програмата на партијата за претстојните парламентарни избори.

– Се консултиравме со граѓаните, преку трибини и тој дел го сублимираме и ќе ги извлекуваме најдобрите идеи. Сега е на ред секторски да работиме на програмата и на ред е да слушнеме идеи и предлози за подобрување на економијата во земјата – рече Груевски.

Тој зборуваше за досегашните законски измени и за намалувањето на данокот што според него во голем дел ја олесниле работата на компаниите.

По официјалното обраќање, Груевски и бизнисмените останаа да разговараат зад затворени врати.