Македонија Груевски, всушност, го поддржува Заев во објавувањето на снимките!

Груевски, всушност, го поддржува Заев во објавувањето на снимките!

Кодош е ако нешто, за убава работа ја напраи лоша. Не е кодош ако некои праат група лоши работи – овој да ќути. Значи тоа не е кодош. Треба да каже. Тоа е принципиелно, да се каже“. Ова, според премиерот Никола Груевски, е дефиниција за кодош која тој ѝ ја кажува на пратеничката Силвана Бонева во еден од разговорите што вчера ги презентираше опозицијата.

Според оваа дефиниција, тој како да го поддржува лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во објавувањето на снимките, затоа што, според Груевски, тоа не е кодошлук, туку – принцип!

Понатаму во разговорот, во кој Груевски и Бонева зборуваат за месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово и за тоа како таму сите се штителе меѓу себе, без оглед на тоа што прават лоши работи, Груевски вели: „Кодошлукот и принципите се во конфликт во ваква ситуација. Не можеш да бидеш принципиелен, а истовремено да штитиш една тајфа што и да напраи таа. Ако се нафатиш, по секоја цена да бидеш дел од тајфа што ќе штити сè и сешто, тоа не е принцип! Значи, тогаш нема принцип“, вели Груевски.