Македонија Груевски во посета на Богданци и на Дојран

Груевски во посета на Богданци и на Дојран

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ги посети општините Богданци и Дојран.

Тој ќе го посети паркот на ветерни електрани „Богданци“ во општина Богданци, ќе присуствува на пуштање во употреба на повеќенаменско игралиште во село Николиќ, општина Дојран, и ќе оствари работна посета на Општина Дојран.