Македонија Груевски: Владата има пари за проекти во Куманово, само Општината треба да...

Груевски: Владата има пари за проекти во Куманово, само Општината треба да ги побара

Владата има планирано средства во износ од неколку милиони евра за проекти во општината Куманово, изјави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на Куманово и на околните општини, но забележа дека и покрај предвидените пари, Општината досега не побарала и не аплицирала со ниту еден проект.

– Ние, како Влада, секоја година даваме одредени средства од Програмата за рурален развој на сите општини кои ќе аплицираат со проект. За жал, од Куманово не аплицирале со ниту еден проект за да се земат пари од Владата да се направи канализација, водовод или нешто друго. Многу општини зедоа по половина милион евра, милион евра или повеќе, за жал, Куманово не поднесе проект. Да поднесеше, ќе добиеше. Струмица, да речеме, поднесе еден проект, можеше и повеќе, и ги доби средствата за тој проект – рече Груевски.

Премиерот информираше дека Министерството за транспорт и врски има предвидено финансиски средства за канализација во Романовце и доколку градоначалникот направи проект, Владата веднаш ќе одобри финансии во износ од еден милион евра.