Македонија Груевски: Усвоивме амбициозен план со реформи за европска интеграција

Груевски: Усвоивме амбициозен план со реформи за европска интеграција

Дејствуваме за потребите и за интересите на сите граѓани, за достигнување и за унапредување на европските стандарди и почеток на заслужените преговори за членство во ЕУ, напиша премиерот Никола Груевски на својата фејсбук-страница.

„На вчерашната седница, усвоивме план за нови реформи за европската интеграција. Покрај постојните реформи, кои континуирано ги спроведуваме, ова е нов обемен и амбициозен план, за кој верувам дека ќе овозможи дополнителен напредок. План базиран на нашите разговори со ЕУ и на препораките на европските институции и експерти, фокусиран на унапредување на владеење на правото, слободите, изборното законодавство, борбата со криминалот и со корупцијата. Прецизно, со конкретни мерки, рокови, носители на проекти и цели што треба да се исполнат. Ангажман на цела Влада и ангажман на посебен тим на министри, кои неделно ќе се среќаваат неколкупати за да ги подготвуваат и да ги реализираат евро-реформите. Македонија има сила, местото на Македонија е во Европската унија“, напиша Груевски.