Македонија Груевски: Студентите ќе полагаат сè додека не положат

Груевски: Студентите ќе полагаат сè додека не положат

Kryeministri Nikloa Gruevski

Ќе има можност секој да полага сè додека не положи, изјави денеска премиерот Никола Груевски во врска со воведувањето на екстерното тестирање за студентите.

– Нам целта ни е ако некој дошол до преодна оценка без знаење, да биде натеран да научи. Тоа е единствената цел – рече тој.

Груевски истакна дека намерите биле добри, но нема да се спроведат сè додека не се направи широка дебата во која ќе бидат вклучени студентите.

– Тие веќе се вклучени затоа што Министерството за образование организираше такви настани, како со студентите така и со професорите. Ќе бидат вклучени сите можни фактори и од тој аспект ќе се слушне секое мислење и внимателно ќе се анализира – рече Груевски, кој додаде дека студентите имаат право на различно мислење и право на протест и дека тој тоа го почитува.