Македонија Груевски се надева дека изборите ќе завршат фер и демократски

Груевски се надева дека изборите ќе завршат фер и демократски

„Денеска е денот кога граѓаните ја имаат повторно моќта во своите раце да одлучат кој во наредниот период ќе управува со државата, во кој правец ќе се движи таа и какви политики ќе се водат“, изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатскатa листа на Коалицијата за подобра Македонија во четвртата изборна единица, по гласањето во ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје.

Тој верува дека најголем дел од граѓаните ќе го искористат своето право на гласање и е задоволен што гласањето се одвива нормално, фер и демократски.

– Се надевам дека така ќе завршат изборите денеска – истакна Груевски.