Македонија Груевски: СДСМ се обидува со манипулации, монтажи и со афери да дојде...

Груевски: СДСМ се обидува со манипулации, монтажи и со афери да дојде до власт

Нам ни е јасно како „Фокус“ дојде до идејата за овие обвинувања, но СДСМ со обвинувањата за наводно фалсификување пасоши шири груби манипулации, истакна денеска премиерот Никола Груевски.

– Жалам што СДСМ цврсто се обидува со манипулации, монтажи и со афери да дојде до власт. Нам, како ВМРО-ДПМНЕ, ни одговара таквото нивно однесување, но за демократијата не е добро да се има опозиција на страна. Би било подобро за државата идеите да не доаѓаат само од власта, туку од повеќе страни. Тие доаѓаат до некоја идеја од денес за утре, без да ја промислат, а фокусирани се само на темна кампања и на манипулација – рече Груевски.