Македонија Груевски: Продолжува отписот на долгови

Груевски: Продолжува отписот на долгови

Околу 14 милиони евра е досегашниот износ на отпишани долгови, а 8.200 граѓани ги исполнуваат законските услови за оваа мерка. Но, бројките не се конeчни и се очекуваме нивно зголемување со оглед дека сè уште трае прегледувањето на документацијата, изјави премиерот Никола Груевски по пуштањето во употреба на локалниот пат меѓу селата Страгово и Крњево.

Според Груевски, отписот на долгови е еден од проектите што Владата го вети на последните избори и ревносно го спроведува.

– Се работи на целокупната документација доставена од граѓаните, се проверува колку соодветствува со законот. Очекувам досегашниот отпишан долг од 14 милиони евра и натаму да се зголемува – нагласи премиерот Никола Груевски.