Дописници Груевски отвори спортска сала во Новаци

Груевски отвори спортска сала во Новаци

Премиерот Никола Греувски денеска е гостин на пелагониските општини Новаци , Могила и Битола.

Во Новаци денеска беше пуштена во употреба новоизградената сенаменска спортска сала, која е дел од проектот за нови 80 спортски сали во државата, инвестиција вредна 24 милиони денари. Салата располага со 650 квадратни метри корисна површина и е опремена за училишни и за рекреативни тренинзи. Располага со современи соблекувални и тоалети.

– Денеска, на големо задоволство, ја отвораме оваа спортска сала, која е особено важна за младите, за нивниот здрав живот и за развивање и за поттикнување на спортскиот дух, бидејќи на овој начин ги учиме како да победуваат и како да се соочат со предизвиците во животот – рече Груевски во Новаци.

Спортската сала е лоцирана веднаш до поштата во селото Новаци, во близина на повеќенаменското игралиште, кое се отвори пред два месеца. На агендата на Груевски во моментот е отворањето на спортска сала во селото Могила, инвестиција исто така од 24 милиони денари. Подоцна Груевски се очекува да ја пресече и црвената лента во основното училиште „Кочо Рацин“ во селото Српци, кое изгоре во пожар пред неколку години.

Груевски денеска ќе ги посети Ресен и Битола.