Македонија Груевски – Лопатка: ВМРО-ДПМНЕ низ законска дебата ги искажува ставовите во парламентот

Груевски – Лопатка: ВМРО-ДПМНЕ низ законска дебата ги искажува ставовите во парламентот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Виена се сретнал со шефот на парламентарната група на владејачката партија и поранешен секретар во министерството за надворешни работи на Австрија, Рајнхолд Лопатка.

На средбата Груевски го запознал соговорникот со актуелната политичка состојба, со позициите и со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на нејзиното надминување.

Груевски, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, посочил дека најбрз и најефикасен начин за излез од кризата е спроведување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори, на кои народот ќе одлучи за иднината на државата.

На средбата Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во парламентот ги користат сите деловнички законски можности за искажување на своите позиции и ставови низ законска парламентарна дебата.

„Тоа што таму се случува не претставува исклучок од тоа што се случувало во минатото, но и од тоа што се случува и се случувало во други демократски земји во Европа и во светот,“ изјавил Груевски на средбата.