Македонија Груевски: Ќе се реконструираат шест болници

Груевски: Ќе се реконструираат шест болници

Премиерот Никола Груевски денеска истакна дека неколку болници во Република Македонија темелно ќе се реконструираат, во што ќе се вложат околу 40 милиони евра.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој истакна дека во наредните шест месеци ќе се направат темелни реконструкции на шест болници во Македонија.

Тој изјави дека инвестицијата вредна околу 40 милиони евра ќе почне во наредните месеци и ќе заврши во текот на наредната една година.