Македонија Груевски: Ќе ги зголемиме пензиите и социјалната помош и во 2016 година

Груевски: Ќе ги зголемиме пензиите и социјалната помош и во 2016 година

Премиерот Никола Груевски на својот фејсбук-профил објави дека на последната седница Владата одлучила да поминат законските измени со кои за социјално најзагрозените граѓани, примателите на социјална и постојана парична помош е предвидено ново дополнително зголемување за наредната 2016 година од нови 5 проценти.

„Истовремено, донесовме одлука и за ново зголемување на пензиите. Оваа година, додека пензионерите ја чекаат исплатата на септемвриската пензија која ја зголемивме за 5 отсто, одлучивме тие да имаат ново зголемување од нови 5 проценти за наредната година. Две одлуки кои се за доброто на многу семејства и граѓани. Со ова остваруваме две големи наши ветувања пред граѓаните, со што уште еднаш покажуваме дека за нас дадениот збор е наша обврска, а нашата програма – патоказ по кој се движиме. Продолжуваме да работиме за доброто на сите граѓани и да помагаме секаде каде што можеме“, стои во фејсбук-статусот на премиерот.