Македонија Груевски: Изборите на 5 јуни, неопходни за крај на кризата

Груевски: Изборите на 5 јуни, неопходни за крај на кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа.

Како што соопштуваат од партијата, на средбата било разговарано за актуелната политичка состојба, наметнатата криза, како и за интеграциските процеси важни за државата.

Груевски го афирмирал својот став за крај на политичката криза, посочувајќи дека изборите на 5 јуни се неопходни за нејзино надминување, преку еден демократски процес во кој граѓаните во согласност со својата волја ќе одлучат за иднината на државата.

Груевски посочил дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е изборите да бидат фер и демократски, за што институциите задолжени за процесот и за нивно организирање ја имаат целосната поддршка. Тој подвлекол дека изборите се и тест за демократскиот капацитет на партиите и за нивната подготвеност да се соочат со волјата на граѓаните. Груевски истакнал дека е потребен крај на кризата и тоа го сакаат и го очекуваат граѓаните, како и враќање на рефорсмките процеси и продолжување на реализација на проектите што се од нивен интерес.

Во поглед на интеграциските процеси, Груевски истакнал дека стратешки интерес на Република Македонија е членството во Европската Унија, при што реализацијата на реформите кои ќе придонесат за унапредување на различните сфери од општественото живеење се во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ.