Главна секција Груевски инсистира да сведочи на затворена седница

Груевски инсистира да сведочи на затворена седница

Премиерот Никола Груевски, кој денеска треба да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, не влегува во собраниската сала бидејќи новинарите се сè уште внатре и комисијата не ја затворила седницата за јавност.

Од друга страна, претседателот на комисијата, Петре Шилегов, засега не ги повикува новинарите да ја напуштат салата, што предзвика напнатост и тензии меѓу членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и нивните колеги од СДСМ.

Груевски претходно ја известил комисијата дека ќе дојде да сведочи денеска, но побарал седницата да биде затворена за јавноста.

Претседателот на комисијата рече дека нема намера на „празно столче да му создава услови за работа“ и затоа неколкупати го повика премиерот да влезе на седницата, за да може да ја затвори.

Седницата требаше да почне во 12 часот.

Денеска, еден час порано, беше закажно сведочењето пред комисијата на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, но таа не се појави во Собранието и затоа пратениците не го изгласаа дневниот ред.

Во моментов, членовите на комисијата се на пауза за да ги усогласат ставовите за затворањето на седницата за јавноста.