Македонија Груевски и Вељаноски се сретнаа со амбасадорот Бејли

Груевски и Вељаноски се сретнаа со амбасадорот Бејли

Премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска се сретнаа со новоименуваниот американски амбасадор, Џес Бејли. На средбите се разговарало за успешната соработка меѓу двете држави.

Амбасадорот Бејли истакнал дека САД искрено ќе продолжат да ги поддржуваат демократските процеси и членството на Македонија во НАТО и во Европска Унија. Тој подвлекол дека е важно да се преземаат мерки за подобрување на имиџот на Собранието и на државата, а за тоа е потребно да постои дијалог за решавање на проблемите.

Премиерот Груевски ја истакнал стратегиската определба на државата за интеграција во евроатлантската заедница и за унапредување на стандардите во сите општествени области.

Спикерот Вељаноски посочил дека ќе ги употреби сите инструменти во негова надлежност за што поскоро да се реши политичката состојба и да се вратат пратениците кои се во оставка во Собранието.