Македонија Груевски и Нетанјаху потпишаа неколку договори за соработка

Груевски и Нетанјаху потпишаа неколку договори за соработка

Премиерот Никола Груевски и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во Ерусалим потпиша Декларација за пријателство меѓу двете земји, Договор за одбегнување на двојното оданочување и Договор за промоција и за заштита на инвестициите.

Како што соопштија од кабинетот на премиерот, двајцата премиери ги потврдиле одличните односи меѓу Македонија и Израел. Груевски и Нетанјаху разговарале и за теми како што се борбата против тероризмот и мигрантската криза.